Ракомет

Моралес: ,,Нè осудија неколкуте грешки во клучните моменти!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Вардар ја запиша третата победа во Супер лигата, совладувајќи го Охрид со 33-31 во возбудливо дерби. Иако „црвено-црните“ имаа предност и до четири гола, Охрид се врати во игра и во финишот се влезе со изедначени 31-31. Гостите не реализираа неколку шанси, што Вардар знаеше да го казни и да стигне до триумфот.

Вардар настапи без неколку повредени играчи – Кеита, Еспиња, Лазаревски и Стаменковиќ, додека Валах и Пинто исто така отсуствуваа. Тренерот на Охрид, Ројевиќ, не ги користеше Цирар, Шипинкоски, Трајчески и Бојаниќ.

Искусниот шпански дефанзивец- Ориол Реј Моралес,  даде своја анализа за Спортска Мрежа, по поразот на неговиот тим, нагласувајќи дека клучот за неуспехот биле грешките во одлучувачките моменти и недоволната концентрација во одбраната.

„Генерално, натпреварот беше многу нерешен. Во нападот, мислам дека игравме многу добро, но неколкуте грешки во клучните моменти нè осудија. Во одбраната бевме само 10 минути подготвени со 100%, што дефинитивно не е доволно за да се победи толку добар тим,“ изјави Моралес по натпреварот.

Тимот сега ќе се обиде да ги поправи слабостите пред следниот предизвик, со цел да се врати на победничките патеки.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!