Втора лигаФудбал

Скопје ја тресна Победа со осумка, без голови во Охрид и Радовиш, Беласица ја освои Виница

Сподели
Сподели

Скопје ја тресна Победа со осумка, без голови во Охрид и Радовиш, Беласица ја освои Виница

Денес беа одиграни натпреварите од петтото коло во Втората македонска фудбалска лига. Иако дел од средбите завршија без голови, колото донесе изненадувања и резултатски пресврти.

Во Радовиш, Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново одиграа без победник – 0:0. Исто така, и дербито на „Билјанини Извори“ помеѓу Охрид и Кожуф заврши со идентичен резултат – 0:0.

Со голот на Христијан Драгарски, Новаци славеше со минимални 1:0 над Тетекс и освои важни три бода. Најубедливата победа ја забележа Скопје, кое со 8:1 ја декласираше Победа, нанеувајќи ѝ тежок пораз и продолжувајќи ја кризата во прилепскиот клуб.

За “пиратите” четири гола постигна Ангелов, а по еден гол постигнаа Цветков, Иса, Лазаревиќ и Горгиовски.

Брегалница успеа да слави на гостувањето кај Каменица Саса со 1:3. Темелков во 25. минута погоди за 0:1 на полувреме, а на стартот од вториот дел Таневски постигна гол за 1:1.

Масевски и Коцев потоа беа стрелци за победа од 1:3.

Слога Виница продолжи со лошите резултати, пораз дома од Беласица со 1:2. Спиркоски и Капсаров постигнаа голови за двојна предност на Беласица на полувреме, а во вториот дел Спасов даде гол за конечни 1:2.

Во Ресен, Вардар Неготино со 2:1 беше подобар од Преспа. Шабанов и Шишков погодија за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Груевски постигна гол за да го ублажи поразот.

Нов пораз и за Големо Коњари откако загуби од Осогово со 0:2, а ова е најблагиот пораз за “фенерџијата”.

Стојковски погоди во првиот дел, а Симоски во вториот дел го постави конечниот резултат.

Со овие резултати, Втората лига останува неизвесна и интересна, а битката за врвот и за опстанокот веќе полека се заострува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!