Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 5. коло на Втората лига, а Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од оваа рунда.
Новаци на домашен терен ќе игра против Тетекс, а правдата ќе ја дели Здравко Костовски од Штип, со помошниците Роберт Црвенов и Александар Ајдаров од Велес, а Дарко Стојанов од Штип ќе биде четврт судија.
Делегат на средбата ќе биде Алајдин Асани од Градец, а пак контролор ќе биде Винко Смокварски од село Будинарци, Берово.
Во Македонска Каменица ќе се соочат Каменица Саса и Брегалница, а главен арбитар ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, негови помошници ќе му бидат стружаните Јован Анѓелкоски и Марио Мојсоски, а Димитар Левески од Охрид ќе биде четврт судија.
Делегат ќе биде Илија Поп-Костов од Нов Дојран, а пак Драган Ристовски од Куманово ќе биде контролор.
На Градскиот стадион во Ресен силите ќе ги одмерат Преспа и Вардар Неготино, а Борче Павловиќ од Скопје ќе дели правдата на овој натпревар.
Помошници ќе му бидат Горан Милошевски и Милан Петров, а пак Ненад Тодоровски ќе биде четврт судија, сите од Скопје.
Делегат на средбата ќе биде Благојче Тодоровски, а пак Злате Лозаноски од Битола ќе биде контролор.
Дербито на колото ќе се одигра на „Билјанини Извори“ каде Охрид ќе го пречека Кожуф, а судиска четворка од Куманово ќе ја дели правдата.
Ндерим Тефику ќе биде главен судија, негови помошници ќе бидат Александар Ѓурковски и Станко Митровиќ, а пак четврт судија ќе биде Никола Петковски.
Делегат ќе биде Зоран Христовски од Битола, а контролор Љубе Ристевски од Прилеп.
Скопје на „Железарница“ ќе се соочи со Победа во меч на два поранешни прволигаши, а ќе им суди Бардхиљ Ибраими од Тетово, а ќе му помагаат Хабиљ Љиборека и Метин Османи од Тетово, а четврт судија ќе биде Дејан Младеновски од Скпје.
Борче Мирчески од Тетово ќе биде делегат, а пак Сафет Адеми од Скопје е контролор.
Големо Коњари први бодови ќе бара против Осогово на домашен терен, а ќе им суди Боби Величков од Велес, ќе му помагаат Андреј Ќамилов од Велес и Давор Дишлиевски од Кавадарци.
Игор Иванов од Велес ќе биде четврт судија, а делегат ќе биде Зоран Ѓорски од Охрид, а Марјан Петров од Кавадарци ќе биде контролор.
Во Радовиш ќе се сретнат Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново, а за правдата ќе биде задолжена судиска четворка од Гевгелија.
Доне Ристовски како главен судија со помошниците Иван Танев и Стефан Митров и Јордан Јовановски како четврт судија.
Делегат ќе биде Деан Марковски од Јосифово, апак Орце Стефаноски од Кратово ќе биде контролор.
На Градскиот стадион во Виница екипата на Слога ќе ја пречека Беласица, Марјан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија со неговите помошници Александар Николоски и Бесар Абдули од Скопје, а Спире Арсов од Кочани ќе биде четврт судија.
Дејан Тасески од Скопје ќе биде делегат, а пак Ѓорги Карајанов од Гевгелија ќе биде контролор.
Сите натпревари ќе започнат во 15:30 часот.