Спортска Мрежа дознава каков ќе биде распоредот за осминафиналните дуели во Купот на Македонија за сезоната 2025/26. Натпреварите ќе се играат во четири различни термини, почнувајќи од 24 септември, па сè до 29 октомври.
Првите два дуели се закажани за 24 септември (среда) од 15:00 часот.
- ГФК Охрид Лихнидос ќе биде домаќин на Шкупи на стадионот „Билјанини Извори“.
- Беласица на „Благој Истатов“ во Струмица ќе ја пречека екипата на Детонит Плачковица.
На 8 октомври (среда) во 15:00 часот, на стадионот во Куманово ќе се сретнат Шкендија Арачиново и Пелистер.
Една недела подоцна, на 15 октомври (среда) од 14:30 часот, Шкендија на Градскиот стадион во Тетово ќе игра против Тиквеш.
Завршницата од оваа фаза е закажана за 29 октомври (среда), кога ќе се одиграат дури четири натпревари:
- Македонија ЃП – Струга Трим Лум (14:00 ч., „Ѓорче Петров“)
- Вардар – Новаци (14:00 ч., „Тодор Проески“)
- Башкими – Силекс (14:00 ч., „Башкими“)
- Работнички – Брегалница (14:00 ч., „Тодор Проески“)
Со тоа, љубителите на фудбалот ќе уживаат во богата програма која ќе донесе нови возбудувања во борбата за Купот на Македонија.