Овој викенд започнува новата сезона во Општинската фудбалска лига во Валандово со натпреварите од првото коло.
Седум екипи ќе се натпреваруваат во ОФЛ Валандово или Четврта лига по ранг на натпреварување, а тоа се екипите на Бирлик од село Дедели, Вардар Мар, Младост МФКУ, Младост од Удово, Тиса, Црвена Ѕвезда и екипата на Чешвал.
Во рамки на првото коло Младост МФКУ ќе се соочи со Црвена Ѕвезда, Младост од Удово ќе ги одмери сили со тимот на Вардар Мар, а на стартот од новата сезона Бирлик во Дедели ќе го пречека Чешвал.
Во рамки на првото воведно коло екипата на Тиса ќе биде слободна.
Валандово живее за фудбалот и го сака фудбал, а потврда за тоа е и враќањето на Победа Валандово во Трета лига – Исток, со што Градскиот стадион во Валандово одново е полн со публика, а со тоа и враќање на фудбалот во еден сјај како пред многу години.
За тоа е потврда и натпреварот од 2. коло на Трета лига – Исток, кога Победа Валандово со 3:0 го доби Ударник од Пирава, натпревар кој го наполни стадионот во Валандово со публика збогатено со двете навивачки групи.