Прва женска фудбалска лигаФудбал

Братските клубови ЖФК и ФК Атлетико, како и Баир Кркардаш отворија нова клупска теретана

Сподели
Сподели

Трите братски клубови женскиот фудбалски клуб Атлетико, фудбалскиот клуб Атлетико и фудбалскиот клуб Баир Кркардаш од Битола со заедничка иницијатива, а за уште подобри услови на играчите, но и за цела младина за правилно спортување и здраво тело отворија нова клупска теретана која е лоцирана до ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола.

Како што велат од фудбалскиот клуб Атлетико, овој објект е наметен за зајакнување на физичката подготвеност на младите фудбалери и фудбалерки, како и за сите млади луѓе од околината на населбата Баир и ООУ „Тодор Ангелевски“.

„Со радост и гордост сакаме да ја споделиме веста дека Братските Клубови ЖФК Атлетико Битола, ФК Атлетико Битола и ФК Баир Кркардаш, во рамките на заедничка иницијатива, за уште подобри услови на нашите играчи, но и за цела младина за правилно спортување и здраво тело и оттргнување од лошите пороци во денешниот свет отворија нова клупска теретана до основното училиште Тодор Ангелевски. Овој објект е наменет за зајакнување на физичката спремност на нашите млади фудбалери и фудбалерки, како и за сите млади луѓе од околината на населбата Баир и ООУ „Тодор Ангелевски“. Како што вели старата поговорка, „во здраво тело, здрав дух“, така и ние ќе се стремиме да ги одвлечеме нашите деца од лошите пороци и да им обезбедиме правилен развој преку користење на теретаната, која ќе биде место и за работа, но и за дружење и забава. Со позитивен дух продолжуваме напред, надевајќи се дека ќе создадеме посилна и поздравa младина која ќе се истакнува не само на фудбалските терени, туку и во сите спортски активности. Денес со благослов од Отец Кирил ја осветивме и ја отворивме нашата клубска теретана, го молиме Бог да излезат многу здрави и талентирани спортисти“, се вели во клупското соопштението на Атлетико од Битола.

Женскиот и машкиот фудбалски клуб Атлетико е максимално посветен на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалерите и фудбалерките, вреди да се напомене дека клубот од Битола без спонзори, се бори сам да ги реализира сите идеи, а притоа максимално добри услови за работа.

„Ние немаме никакви спонзори, се борам сам, имаме идеи кои ги остварувам како големите клубови. Имам добра младинска школа се потпирам на неа, со нула буџет имам освоено две кадетски титули, две младински титула и една титула во Втората женска фудбалска лига односно во сениорска конкуренција“, рече за Спортска Мрежа, Никола Гелевски, кој е претседател и тренер на ЖФК и ФК Атлетико од Битола.

Женскиот фудбалски клуб Атлетико минатата сезона без пораз стана шампион во Втората женска фудбалска лига, и со тоа се врати во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција односно во Првата женска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!