Останато

Младост УГД промовираше засилувања од Грузија и БиХ, претставени и три домашни одбојкарки!

Сподели
Сподели

За новата сезона од Првата женска одбојкарска лига на Македонија екипата на Младост УГД од Штип промовираше неколку квалитетни домашни и странски засилувања. Тинатин Жгенти од Грузија е странско засилување за штипскиот прволигаш. 22-годишната одбојкарка е репрезентативка на Грузија, а со своето големо искуство ќе биде големо засилување за штипјанки, а доаѓа од редовите на германски Фрезин, настапува на позицијата примач.

Второ странско засилување во Младост УГД е Марија Батиниќ, искусна интернационалка која потекнува од Босна и Херцеговина, а која во својата кариера ги бранеше боите на Гласинац од Босна и Херцеговина, Златибор од Србија, кипарски Неа Саламина Фамагуста и Албатрос од Црна Гора.

Во клубот беше промовирана и Даниле Велинска, искусна македонска репрезентативка, која присигна од струмички Наковски Волеј, а се работи за искусне техничар, а исто така во Штип УГД беше промовирана повратничката Кристина Лазаровска, која ќе биде освежување за Младост УГД од Штип.

Во Младост УГД беше промовирана и Евгенија Димеска која во Штип доаѓа од екипата на Ускана од Кичево, а со која се надополнува позицијата среден блокер во штипскиот клуб.

Штипскиот прволигаш сезоната ја отвара против Наковски Волеј во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!