Ракомет

Охрид ја декласираше Струга, шампионот Еурофарм Пелистер пресилен, Алкалоид победнички во Кавадарци

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второто коло во македонската ракометна Суперлига донесе вистинска спортска гозба со убедливи победи на фаворитите.

Во Битола, Еурофарм Пелистер со шампионска рутина го совлада Пролет со 36-24. Тимот на Рубен Гарабаја доминираше од првата до последната минута, ротираше со составот, а повторно имаше индивидуални блесоци. Хакбарт одигра совршено со девет гола од девет обиди, Манасков и Атанасијевиќ придодадоа по шест, додека од гостинскиот табор се истакна Палевски со седум погодоци. Единствена црна точка беше повредата на искусниот Абутовиќ.

Истовремено, на охридско-струшкото дерби кое со години будеше емоции, сега видовме само еднонасочен спектакл. Охрид го разби ослабениот тим на Струга со неверојатни 40-16, натпревар кој повеќе личеше на тренинг отколку на вистинско дерби. Цирар и Никола Ристески со по седум погодоци беа неприкосновени, а голманот Ѓорѓески собра девет интервенции. Кај стружани единствена светла точка беше Атанасовски со шест гола.

До својот прв триумф во сезоната стигна и Алкалоид, кој како гостин го совлада Тиквеш во Кавадарци со 22-24. Тимот на Кирил Лазаров ја започна силно средбата, градејќи висока предност, но домашните со голема борба успеаја да ја намалат негативата и да го направат натпреварот драматичен. Сепак, искусните скопјани со мирна завршница го одбранија водството. Дамјан Митев блесна со шест гола од шест обиди, а голманот Галевски собра десет одбрани. Кај домаќините се истакнаа Манасков, Коцев и Цветковски.


Тиквеш, иако без бодови, покажа дека знае да создаде проблеми и имаше шанси за реми, но неискористените седмерци и промашувањата во клучни моменти го чинат бодови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!