РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 21 година денес го игра својот втор натпревар во квалификациите за Европското првенство 2027. Избраниците на селекторот Горан Станиќ од 18:15 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се соочат со селекција на Италија, еден од топ фаворитите во нашата група.

По поразот во Краков од Полска, Станиќ очекува сосема поинаков натпревар.

„Полска е зад нас, ги воочивме грешките и ќе се потрудиме да не се повторат против Италија. Имавме и низа позитивни работи од мечот во Краков. Бевме речиси егал во посед на топка, ни недостасуваше последно додавање и завршница, а головите ги примивме наивно. Еден автогол, вториот од сомнителна ситуација за офсајд и последниот по индивидуална грешка. Резултатот не е мерило за играта“, изјави селекторот.

Тој додаде дека тимот е целосно подготвен за новиот предизвик.

„Фудбалерите се подготвени за Италија. Анализиравме и планот за мечот е направен. Италија е многу поразлична репрезентација од Полска. Играат различен систем, тактички се на врвно ниво, имаат брзи крила и треба да бидеме многу внимателни“, порача Станиќ.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Дистрибуцијата на влезниците за баражот со Данска почнува в понеделник

Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Задоволен сум од двете контролни средби со Летонија

Репрезентацијата до 16 години продолжува со серијата контролни натпревари преку кои селекторот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Летонците славеа во вториот дуел против македонската репрезентација до 16 години

Репрезентацијата на Летонија во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!