КупФудбал

КУП: Охрид, Детонит и Брегалница во следна фаза Работнички со 16 гола го „уништи“ Карбинци, 14 гола на „лавовите“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес беа одиграни првите натпревари од Купот на Македонија од првата фаза, а во рамки на истата Работнички со 0:16 буквално го „распадна“ третолигашот Карбинци кој беше повеќе од инфериорен противник на теренот.

Двојни стрелци за тимот од Дебар Маало беа Николовски, Асани, Жаку, Хоџа и Далеи, а по еден гол постигнаа Демири, Мециновиќ, Кадриу, Ангелов, Елези и Бошнаков.

Македонија ЃП со 0:14 го декласираше третолигашот Љуботен, а стрелци во убедливата победа за „лавовите“ беа Христов со три гола, Маркоски, Адем и Талаков со по два гола, а по еден имаа Џангаровски, Елмас, Ристевски и Рамиќ.

Детонит Плачковица патува во следната фаза од Купот откако со 1:4 славеше над Башкими од Јаболчиште.

Филиповски, Смилков, Лиманов и Јанев беа стрелци за радовишани, а за домаќинот погоди Јашари.

Брегалница со 0:6 славеше над третолигашот Победа од Валандово со погодоци на Демири, Темелков, Калпачки, Иванов и Тасев, а пак Мадевски си постигна автогол.

ФОТО: Спортска Мрежа

Силекс со 1:7 славеше над третолигашот Евротип со погодоците на Беровиќ и Алиќ, двата гола на Говерарица и трите гола на Хрвановиќ, а за домашниот тим погоди Марцевски.

Второлигашот Охрид го исфрли прволигашот Брера Струмица преку пенал серијата откако во регуларниот дел беше 1:1. Марио Митев во 3. минута погоди за 0:1, а пак новото засилување Иван Глигоров во 74. минута погоди за 1:1 во регуларниот дел.

Во пенал серијата за Охрид погодија Парталко, Димитриевски, Глигоров, Попоски и Каланоски, а пак за Брера Струмица погодија Ристов Велков и Михаилов, а пак Хассан промаши.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!