Турнири

Дивино пресилен за Фурна Марфи, Еуро Дом доживеа тежок пораз – познати полуфиналистите на „Подареш 2025“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати се полуфиналистите на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“ откако вечерва беше комплетирано четвртфиналето.

Во првото соочување екипата на Дивино со „лото“ победа го декласираше тимот на Фурна Марфи со убедливи 7:1.

Популарните „радовишки сомуни“ немаа рецепт како да се спротивстават на популарните „пици“ од Босилово.

Екипата на Еуро Дом со тежок пораз од 1:6 беше исфрлена од турнирот откако загуби од Ан Са и Пери и Тајфата.

Вечерва беше одигран и ревијален меч меѓу ФК Готен ветерани и ФК Готен сениори. Најдобар стрелец после четвртфиналето останува Никола Божинов од екипата на Оливер Промет. Втор стрелец е Тони Мичковски од екипата на Дивино.


Утре во првиот полуфинален меч ќе се соочат Ан Са и Перо и Тајфата против Дивино од 21 часот.

Од 22:30 часот Атанасов Градба на мегдан против Конзул Транс.


Полуфиналните натпревари, како и натпреварот за трето место и финалниот меч ќе можете да го следите во ЖИВО на Спортска Мрежа. Полуфиналните и финалните натпревари ќе се играат по 25 минути

Годинава за првпат Спортска Мрежа беше медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!