Ракомет

РК Младост со големо засилување – пристигна бразилскиот пивотмен Жоао Габриел!

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци продолжува со амбициозната трансфер политика и официјално го претстави новото големо засилување за претстојната сезона – Жоао Габриел Диас Гекас, 23-годишен бразилски ракометар кој игра на позицијата пивотмен.

Корпулентниот играч, висок 193 сантиметри, е поранешен младински репрезентативец на Бразил и доаѓа од тимот на РК Сао Каетано, каде минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во бразилската лига.

Со своето искуство и физичка подготвеност, Жоао Габриел се очекува да биде клучна алка во играта на Младост 1977 и еден од носителите на тимот на патот кон Суперлигата.

Овој трансфер следува по неуспешниот договор со белорускиот пивотмен Никита Соколов, но раководството на клубот веднаш реагираше и ангажираше квалитетна замена која треба да ја засили офанзивната и дефанзивната сила на екипата.

Со ангажманот на Жоао Габриел и претходните засилувања, РК Младост 1977 се наметнува како прв фаворит за влез во Суперлигата, со јасна цел да стане дел од ракометната елита на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Прилеп – Алкалоид

Алкалоид како голем фаворит ќе гостува кај Прилеп во натпревар од 16....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Куманово – Пролет

Екипата на Куманово на домашен терен ќе го бара третото славје против...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Тиквеш – Охрид

Вечерва во Кавадарци се игра натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид од 16....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го големото македонско ракометно дерби во живо од Битола: Актуелниот шампион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!