Ракомет

Лесјак: Честитки за организаторите на турнирот, сите осум екипи се одлични!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во третиот натпреварувачки ден од турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, се сретнаа екипите на Тримо Требње од Словенија и Динамо Панчево од Србија. Бевме сведоци на еден возбудлив и интересен натпревар со многу пресврти сè до крајот. Иако Динамо успеа да се врати повеќе пати во текот на мечот, сепак на крај славеа гостите од Словенија со резултат 30:28.

Голманот од таборот на Тримо, познатиот Урбан Лесјак, кој е добро познат на македонската ракометна публика по тоа што го носеше дресот на Еурофарм Пелистер минатите сезони, во изјава за Спортска мрежа упати честитки до организаторите на турнирот и истакна дека сите осум екипи тука се одлични:

„Најпрво би сакал да им честитам на организаторите што успеаја на вакво ниво да соберат осум одлични екипи од овие простори, па и пошироко- имаме екипа дури од Фарски Острови..така што им упатувам честитки и голема почит“, изјави Лесјак во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Исто така, се надева дека со својот нов тим, ќе успеат да го освојат турнирот во Охрид и ќе играат во финалето во сабота.

„Секој натпревар тука е тежок, напорен.. како што кажав, сите екипи се добри, а не можеш добро да одмориш. Па така, веќе утре нè чека нов предизвик, се надевам на победа и се надевам дека ќе играме што подоцна во сабота“, вели словенечкиот голман за Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!