Ракомет

Тасески: Ние дишеме како еден – се подготвуваме максимално и преку овие натпревари за првенството!

Сподели
Сподели

Охрид запиша уште една убедлива победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, совладувајќи го српскиот шампион Партизан со 30:25.

Избраниците на Борис Ројевиќ блеснаа на паркетот во „Билјанини Извори“, пред домашната публика, наметнувајќи целосна доминација во текот на целиот натпревар.

По мечот, за Спортска Мрежа изјава даде ракометарот Иван Тасески, кој истакна дека одбраната била клучот за победата.

„Одиме натпревар по натпревар, се подготвуваме за секој натпревар како да е првенство. Нова екипа сме, се воигруваме доста..влеговме доста  мотивирано во натпреварот, изигравме добра одбрана, а еден натпревар се добива токму со добра одбрана и полесни голови со контра- напад и полу- контра. Може да се каже дека сите дишеме како еден, и тие што се на клупа, и тие што се во игра..сите даваат и поддршка, а и максимум на теренот.“, изјави Тасески.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во петок, охриѓани ќе го одмерат силите против хрватскиот вицешампион Нексе Нашице во меч кој може да биде решавачки за пласманот во финалето.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!