Турнири

Тим Хазал и Минти Транс во големото финале на турнирот во Долно Косоврасти

Сподели
Сподели

Денес се игра големото финале на турнирот во мал фудбал во дебарското село Долно Косоврасти, а во кое на мегдан одат екипите на Тим Хазал и Минти Транс.

Во полуфиналниот меч екипата на Минти Транс го прегази тимот на Иљазоски Компани откако славеше со убедливи 4:0, а благодарение на двојните стрелци Алден Јонузоски и Мерсим Јонузоски кои ја тресеа мрежата на противникот.

Екипата на Тим Хазал се намачи во полуфиналето откако беше подобра во пенал-серијата, славејќи над Коко Бар.

Во регуларниот дел беше 1:1, за Тим Хазал погоди Салмир Асаноски, а пак за екипата на Коко Бар прецизен беше Елвир Џемаилоски.

Во пенал серијата подобар беше Тим Хазал со 2:1 и со тоа патува во големото финале.

Финалниот меч започнува во 18:30 часот, а претходно се игра мечот за трето место меѓу Коко Бар и Иљазоски Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан во дебарското село Долно Косоврасти, а се очекува многу публика која ќе го проследи финалето од турнирот во мал фудбал, која има голема традиција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!