Турнири

Екипата на Еуро Дом Проект се “распука” со две убедливи победи на “Подареш 2025”

Сподели
Сподели

Синоќа на турнирот во мал фудбал во Подареш се одиграа два натпревари, но истите понудија многу погодоци за верната публика.

Вечерта помина во знакот на екипата на Еуро Дом Проект која забележа две високо победи.

Во првиот меч Еуро Дом Проект го торпедораше составот на Алекс Сим со убедливи 12:7.

Во вториот меч одново Еуро Дом Проект беше убедлив откако го доби Ас Мк Подареш со 3:1.

Синоќа исто така натпревар одиграа младите надежи на Детонит Плачковица.

Возбудувања продолжуваат и вечерва со нови натпревари.

  • Распоред Среда 13.08

20:30

Ревијален натпревар на Дечињата на ФК Детонит Плачковица

21:30

Готен Јуниор – Фреигхт оне & KP Gebäudereinigung GmbH

22:30

Ан Са Дизајн и Перо и Тајфата – Фурна Марфи

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој одличен спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!