Прва лигаФудбал

Ѓорѓе Ивковиќ нов голгетер на Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Двократниот македонски шампион Струга Трим Лум го претстави своето ново засилување во нападот – српскиот голгетер Ѓорѓе Ивковиќ. По денешната потврда на Алтин Алији, стружани добиваат уште една „деветка“ со која значително ќе го засилат офанзивниот ред за претстојната сезона.

Ивковиќ е добро познат на љубителите на македонскиот фудбал, откако од јануари 2024 до февруари годинава настапуваше за Брера Струмица. Во Првата македонска фудбалска лига одигра 31 натпревар и постигна 17 голови, навестувајќи дека ќе биде сериозна закана за противничките одбрани и во дресот на Струга.

Пролетниот дел од минатата сезона го мина во казахстанскиот Актобе, за кој одигра 10 натпревари и запиша по еден гол и асистенција. Ова му беше втор ангажман во Казахстан, откако претходно играше и за Акжајик.

Во својата богата кариера, 29-годишниот напаѓач настапувал за бројни клубови: Колубара, Турбина, Јединство Уб, Бежанија, Слобода Ужице, Спартак 1924, Анкаран, Телепото Оптикс, Синѓелиќ, Железничар Панчево, Раднички Срем, Златибор, ИМТ и Лачи.

Со доаѓањето на Ивковиќ, Струга Трим Лум јасно покажува дека амбициите за новата сезона остануваат највисоки – борба за титула и нов излез во европските купови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!