Продолжен е рокот за пријавување за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „28-ми август“ кој се игра во Пробиштип. Наместо првично планираниот термин, екипите ќе можат да се пријавуваат до среда, 13 август, до 18 часот, а од 19 часот истата вечер ќе се изврши извлекувањето на групите.
Турнирот традиционално се организира по повод Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите.
Котизацијата за учество останува 6.000 денари, а годинава организаторот предвидува уште поголеми парични награди. Првопласираната екипа ќе освои 150.000 денари, а второпласираната 50.000 денари.
Предвидени се и индивидуални признанија – најдобриот голман и најдобриот играч ќе бидат наградени со по 5.000 денари.
Пријавувањето на екипа може да се направи на телефонскиот број 078 387 765.
Спортска Мрежа и оваа година, како и во претходните изданија, медиумски ќе го поддржи турнирот на кој традиционално учествуваат екипи од цела Македонија.