По две години пауза, искусниот фудбалер за врска Валентин Кочоски повторно ќе го облече дресот на Струга Трим Лум. Ова ќе биде негов трет мандат во редовите на поранешниот шампион на Македонија, каде што претходно одигра два периода од по три сезони.
28-годишниот Кочоски потпиша двегодишен договор и веќе вечерва може да го запише своето ново деби – во дуелот од првото коло во Првата македонска фудбалска лига против Македонија ЃП.
Зад себе има богато искуство со над 200 настапи во македонската фудбалска елита, од кои 80 во дресот на Струга ТЛ, каде што е добро познат и меѓу навивачите.