Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Билјанини Извори – Охридската гордост со јасна цел: Прва лига и нови успеси!

Сподели
Сподели

ЖФК Билјанини Извори со полна мотивација и амбиција влегува во новата сезона, решен да ја врати својата елитна позиција во Првата женска фудбалска лига. Клубот од Охрид, поранешен шампион на Македонија и учесник во квалификациите за Лигата на шампиони, годинава гради моќен и добро организиран тим кој е прв фаворит за освојување на првото место во Втората лига – позиција која носи директен пласман меѓу најдобрите.

Како увертира за сезоната, сениорската екипа од 16 до 21 август ќе го претставува Охрид и Македонија на престижниот меѓународен турнир „Школа спорта и језика – Сурдулица 2025“ во Србија.

Настапот е поддржан од Општина Дебарца (главен спонзор за превоз) и Струга Трим Лум (главен спонзор), кои несебично го поддржуваат развојот и промоцијата на женскиот фудбал.

Под стратешкото водство на тренерот Александра Рубаноска, охридските девојки тренираат со полна посветеност, покажувајќи борбеност, тимска игра и силна желба да ја испишат најуспешната страница во историјата на клубот. Турнирот во Сурдулица ќе биде шанса за проверка на формата, стекнување меѓународно искуство, културни активности и нови пријателства.


Клубот останува пример за добра организација, финансиска стабилност и спортска визија – темели на кои ја гради својата нова успешна приказна.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!