Турнири

Две убедливи победи на Твинекс Аутсајд на турнирот во Дебреште, еден меч се решаваше на пенали

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни четири натпревари кои понуди многу погодоци на меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“ во прилепското село Дебреште.

Уште првиот меч најави дека вечерта ќе биде богата со погодоци, а многубројната публика ќе проследи одлични натпревари. Првиот натпревар Твинекс Аутсајд со 2:0 славеше над Бел Бор Енџо, а пак на вториот меч одново Твинекс Аутсајд овој пат со поубедливи 3:1 го доби тимот на Железара Бесник.

Уморен го стигнам победничкиот тим на Твинекс Аутсајт и третиот меч го загуби со 0:3 од Пикси Бојс, но и првите две победи беа доволни.

Четвртиот меч беше највозбудливи, а можеби и најинтересен за публиката откако Галатасарај и Елемент Систем ремизираа во меч со шест погодоци за 3:3.

Во ударите од белата точка подобра беше екипата на Галатасарај која триумфираше со 2:1.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој меморијален турнир во Дебреште.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!