Турнири

Ждребот е извршен – започнува возбудата на „Јосифовско Лето 2025“!

Сподели
Сподели

Со официјалното извлекување на натпреварувачките групи, започнува 32-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Јосифовско Лето 2025“, кој оваа година брои вкупно 22 пријавени екипи, поделени во 6 групи од по 3 екипи, освен групата Е која брои четири.

  • Според пропозициите на турнирот:

Првопласираните од секоја група обезбедуваат директен пласман во 1/8 финалето. Второпласираните и третопласираните екипи ќе играат баражи за влез меѓу најдобрите 16. Групата „Е“ е единствена со 4 екипи – првопласираната продолжува директно, втората се приклучува во новоформираната група „Ж“, додека останатите две ќе играат бараж.

  • Натпреварувачките групи се следни:

Група А

Кеги моби Велес

Кафе бар Проект

Беса Гевгелија

Група Б

Пица ресторан Дивино

Блик мак Скопје

ФК Победа Валандово

Група В

Црна Река

Железарец Скопје

Реџо Аби перална

Група Г

Freight One Радовиш

Жак транс Д. Даскалово

КМФ Миравци Escape Travel

Група Д

Гостилница „Кај Цек“

Еклер транс

Тобако Лени плус

Група Ѓ

Агросмарт

Fiori cafe Неготино

Куклиш

Група Е

Алупласт Васил

Баламов компани

Авто лајкер Даниел

Флорида Валандово


Турнирот и оваа година привлекува екипи од повеќе градови, со импресивна спортска енергија, но и високо ниво на организација.

Спортска Мрежа по првпат е официјален медиумски покровител на турнирот, со секојдневно следење на натпреварите, извештаи, фотографии и интервјуа.

Покрај главниот турнир во мал фудбал, „Јосифовско Лето 2025“ нуди и второ издание на спортските игри, каде ќе се одржат натпревари во Баскет 3×3, пинг-понг, E-sport (PlayStation 5 – FC25), шах и пикадо.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!