Хусеин Демири, еден од највпечатливите фудбалери на Башкими во минатата сезона е слободен, откако трансферот со косовскиот второлигаш Вуштри, не се реализираше.
Демири блескаше во дресот на Башкими, давајќи значаен придонес за пласманот на кумановскиот клуб во Првата македонска лига.
Демири сега е слободен и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, а според формата која ја имаше од претходната сезона, но и претходно, сигурно е дека на адресата на овој искусен фудбалер ќе пристигнат понуди.
29-годишниот Демири претходно во Косово настапуваше за Феризај, Дуќагини и Призрен, а на меѓународната сцена играше и во Финска за тимот на Кеми. Во домашниот фудбал, тој го носеше дресот на неколку македонски екипи – Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Влазрими, Тетекс и Охрид.