Ракомет

Охрид „гази“ се пред себе – велешани „потонаа“ во Охридското Езеро, Еурофарм Пелистер го „здроби“ Куманово!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Охрид „гази“ се пред себе и стигна до нов шести триумф во низа, откако на домашен терен со 35:18 го „потона“ Бисинов од Велес, кој немаше капацитет да парира на амбициозниот тим на Стевче Алушовски.

Костов даде седум гола, а пак Шипинкоски имаше шест погодоци, кај Бисинов најдобар беше Ивица Илиев со шест гола.

Во следното коло лидерот Охрид ќе гостува во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер, а пак Бисинов ќе биде домаќин на Алкалоид.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Куманово загуби на домашен терен со 23:35 од шампионот Еурофарм Пелистер, сосема очекуван триумф за битолчани кои го „здробија“ Куманово. Филип Кузмановски постигна 10 погодоци за битолскиот тим.

Во следното коло Куманово ќе гостува кај Пролет во Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!