Новиот прволигаш Арсими продолжува со оформување на ростерот за претстојната сезона, а најновото име кое ќе го носи дресот на клубот е младиот и талентиран фудбалер Џемил Јахији. 22- годишниот играч за врска веќе има солидно искуство на македонската фудбалска сцена и се очекува да биде значајна алка во средниот ред на тимот.
Јахији кариерата ја започна во младинските категории на Шкендија, клуб кој важи за еден од најдобрите во развојот на млади фудбалери во земјава. Потоа настапуваше и за амбициозната Воска Спорт, каде што доби значајна минутажа и успеа да се наметне со својата борбеност, визија и умешност во креирањето на играта.
Со доаѓањето во Арсими, Јахији добива нова можност да продолжи со напредокот во својата кариера, а клубот добива играч со младинска енергија и желба за докажување. Се очекува тој да внесе свежина во средниот ред и да придонесе во реализацијата на амбициите на клубот во натпреварувачката сезона.
Со ова засилување, Арсими покажува дека сериозно ги подготвува сите линии на тимот и дека има намера да биде конкурентен и стабилен фактор во првата фудбалска лига.