Останато

Успешно заврши „Охрид Опен 2025“ – Пливање, страст и спортски дух на базенот „Атина Бојаџи“

Сподели
ФОТО: Пливачки клуб „Акваспирит“ - Охрид
Сподели

На отворениот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид викендов се одржа петтото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Охрид Опен 2025“, во организација на Пливачкиот клуб „Акваспирит“ – Охрид, со поддршка од Општина Охрид. Турнирот прерасна во вистински пливачки спектакл, кој ја потврди улогата на Охрид како центар на пливањето во Македонија и пошироко.

На митингот учествуваа над 220 пливачи од 25 клубови од земјата и странство, кои се натпреваруваа во девет дисциплини и пет возрасни категории. Под високи летни температури, но и со голема спортска амбиција, беа доделени вкупно 246 медали и 12 пехари за најдобрите поединци и категории.

„Во базенот секој метар е борба со времето, со себе, со границите што вчера изгледаа недостижни. Но токму тука, во тие води, се раѓаат шампиони. Зад секој успех стои тренер кој верувал, организатор кој вложил и спортист кој одбрал да не се откаже. Може резултатите ќе избледат, но карактерот што се гради во вакви моменти останува засекогаш“, истакна претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, на отворањето на натпреварувањето.

ФОТО: Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид

Домаќинот, Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид, настапи со 75 натпреварувачи кои покажаа високо ниво на подготовка, борбеност и спортски дух. Особено внимание привлекоа најмладите членови на клубот, за кои ова беше прво учество на меѓународен митинг – искуство кое, покрај натпреварувањето, носи вредни лекции за тимски дух, упорност и посветеност.

ФОТО: Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид

„Акваспирит“ блескаше со освоени 19 медали и два пехари за најдобри пливачи во своите категории. Истовремено, митингот не беше само спортски настан, туку и симбол на визија и вложување во иднината на македонското пливање.

Организаторите изразија огромна благодарност до сите клубови, тренери, судии, волонтери и родители кои дадоа свој придонес во реализацијата на турнирот, како и до Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“.

ФОТО: Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид

Пливачки клуб „Акваспирит“ од Охрид продолжува да ја гради својата успешна приказна во македонското пливање. На престижниот меѓународен митинг „Охрид Опен 2025“, кој викендов се одржа во олимпискиот базен „Билјанини Извори“, охриѓани остварија извонреден резултат – вкупно 19 медали, од кои 11 златни, 1 сребрен и 7 бронзени, како и 2 пехари за најдобри пливачи во возрасните категории.

Златни медали (11):

Анастасија Цветаноска – 6 златни медали

Ања Гуџоска – 4 златни медали

Ведран Томчов – 1 златен медал

Сребрен медал (1):

Елена Грмашкоска

Бронзени медали (7):

Јана Мише – 2 бронзи

Предраг Мургоски – 2 бронзи

Ведран Томчов – 1 бронза

Елена Грмашкоска – 1 бронза

Јана Грмашкоска – 1 бронза

Дополнително, Ања Гуџоска (категорија 2008 и постари) и Анастасија Цветаноска (категорија 2009/2010) се закитија со пехари како најдобри пливачи во своите возрасни категории, што е големо признание за нивниот континуиран напредок и квалитет.

Со овие резултати, „Акваспирит“ уште еднаш докажа дека има силна база на млади и талентирани пливачи кои достојно го претставуваат клубот и градот Охрид на пливачката сцена.

Пливачкиот клуб „Акваспирит“ – Охрид најави дека ќе продолжи со уште поголема мотивација и посветеност во својата мисија – да гради иднина за пливањето во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Познати двојките за 1/8 финалето во Купот на Македонија во младинските категории

Со жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Купот на Македонија за младинци, кадети и пионери. Во првата рунда во конкуренција на младинци...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за трофеј. Вечерва од 18:00 часот, во салата „Бранители 2001“ во Крива...

Поврзани написи
Останато

Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица 47&72

ОК Струмица 47&72 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Останато

Претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ доаѓа во Скопје да ги обучува македонските одбојкарски судии

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Судиската комисија...

Останато

ОК Струмица 47&72 го претстави американскиот одбојкар Тајлер Трип

ОК Струмица 47&72 го промовираше своето ново засилување за сезоната 2026/27. Станува...

Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!