Прва лигаФудбал

Пелистер го претстави Лука Булатовиќ како петто засилување: Чест ми е што ќе го носам дресот на клуб со толкава традиција

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Македонскиот прволигаш Пелистер продолжува активно да го засилува составот за новата сезона, а најново име во редовите на битолскиот клуб е српскиот офанзивец Лука Булатовиќ.

Станува збор за 27-годишно десно крило, кое може да дејствува и по левата страна на нападот. Булатовиќ потпиша едногодишен договор со „зелено-белите“, а во Битола доаѓа од словенечкиот второлигаш Горица, каде минатата сезона одигра 29 натпревари, постигна седум гола и забележа шест асистенции.

Во својата кариера, српскиот интернационалец настапуваше и за Раднички Сремска Митровица во Србија, како и за неколку грчки екипи, меѓу кои АЕ Лефкимис, Амврак Лутру и Македоникос Неаполис.

„Кога го добив повикот од Пелистер, почувствував голема чест и привилегија, и многу брзо постигнавме договор. Клуб со голема традиција и свесен сум за тежината на дресот. Подготвен сум да го дадам својот максимум за овој клуб, градот и луѓето во него. Ќе се потрудам заедно со моите соиграчи и стручниот штаб да ги постигнеме целите на клубот“, изјави Булатовиќ по потпишувањето на договорот.

Пелистер досега ги претстави и Немања Здравковиќ, Стефан Спировски, Петар Ристиќ и Марјан Ристовски како нови имиња, со што клубот јасно го најавува својот амбициозен пристап кон новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Виолета Јанчева главна во Валандово, Илчо Пауноски го доби дуелот меѓу Менада и Ржаничино

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло на Втората женска фудбалска лига, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите кои...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири ќе им суди на Скопје и Пелистер, Ангелчо Ристов главен во Струмица

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од осмото коло на Првата женска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено утре со...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пријателска во Радовиш: Детонит Плачковица против Беласица

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одржување на натпреварувачкиот ритам, но и...

ФудбалФутсал

КМФ Црна Река со највисоки амбиции: Поранешниот прволигаш тргнува по враќање во Првата лига

КМФ Црна Река ги започна подготовките за новата сезона во Втората футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!