Трета лигаФудбал

Напредок убедлив против Камјани – двоен стрелец Котевски, Вардар Брвеница ја надигра Речица!

Сподели
Сподели

Со два натпревари денес беше отворено 4. коло од Третата лига – Запад. Во Кичево поранешниот прволигаш Напредок со 3:1 запиша нова победа над Камјани.

Отпорот на гостинот беше скршен во финишот на првиот дел кога Осман Исмаили во 40. минута постигна гол за 1:0, а по две минути игра Младен Котевски погоди за 2:0.

Во вториот дел Камјани бараше брз гол за да се врати во игра барем за бод, а истиот падна во 83. минута кога Арменд Абдили намали на 2:1. Во судиското надополнување односно во 94. минута Младен Котевски постигна гол за конечни 3:1.

Со овој триумф некогашниот прволигаш од Кичево има три од три на стартот од сезоната.

Вардар Брвеница на домашен терен запиша висок и убедлив триумф над Речица со резултат од 3:0.

Даниел Дарески во 29. минута постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел со два брзи гола Вардар дојде до конечните 3:0, откако Синиша Јованоски во 66. минута погоди за 2:0, а пак Бојан Михајловски во 71. минута ги постави конечните 3:0.

Колото ќе се комплетира утре Доброшти на домашен терен ќе игра со Влазерими, Џепчишти ќе игра со Зајази, Дрита ќе биде домаќин на Велазерими, а пак Љуботен ќе се соочи со некогашниот прволигаш Ренова.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!