Прва лигаФудбал

Шкупи донесе поранешен играч на Евертон: Магаје Геје ново засилување во нападот!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Прволигашот Шкупи го засили нападот со искусен интернационалец – 35-годишниот Магаје Геје е новото звучно име во тимот.

Сенегалецот има богата фудбалска биографија, со настапи во неколку европски елитни лиги. Геје од 2010 до 2014 година беше дел од англискиот премиерлигаш Евертон, по што настапуваше за Милвол во Чемпионшип лигата. Кариерата ја започна во францускиот Стразбур, а понатаму ги бранеше боите и на Брест (Франција), Аданаспор, Османлиспор и Карабах (Турција), како и на романски Динамо Букурешт.

Најголем дел од својата кариера го помина во Турција, каде одигра 77 натпревари и постигна 25 голови. Има и 24 настапи во Премиер лигата со Евертон, а се одликува со искуство, физичка подготвеност и добар голгетерски инстинкт.

Единствена забелешка е тоа што Геје во последните две години беше без клуб, што значи дека ќе му биде потребно време за целосна натпреварувачка форма. Сепак, во Шкупи веруваат дека неговото искуство ќе биде голем адут за настапите на домашната и евентуално меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!