КошаркаКошаркарска репрезентација

Министерот за спорт Борко Ристовски ги посети кошаркарите во Негорски бањи!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера беше во Негорските бањи и ги посети кошаркарските репрезентативци кои во Гевгелија се подготвуваат за настапот во втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027.

На покана на претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев, Ристовски присуствуваше и на попладневниот тренинг на сениорската репрезентација, при што на играчите и на стручниот штаб им посака многу среќа и успех во натпреварите што ги очекуваат во август.

Притоа, министерот имаше можност да се увери во условите што ги нуди спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи, кој е база на нашата најдобра селекција. Заедно со претседателот Главчев, тој се запозна со содржините и капацитетите на комплексот, кој според нивните впечатоци нуди одлични услови за подготовка на еден национален тим.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

Кошарка

Гостивар и Вардар во дерби за врвот, Феникс 2010 го брани лидерското место!

Возбудувањата во Првата македонска кошаркарска лига продолжуваат викендов со натпреварите од шестото...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Милованова: Против Естонија одиме само напред со желба за успех!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги продолжува настапите во ноемврискиот циклус...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Митрева: Верувам дека ова е само почеток на нешто убаво и дека најдоброто допрва доаѓа!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија се врати од Букурешт, каде што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!