ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Силекс со триумф се прости од Европа, Работнички одново пораз и заврши со европското лето!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Силекс - Дечиќ
Сподели

Македонските претставници Силекс и Работнички го завршија својот настап во Европа уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Кратовчани одиграа борбен реванш против црногорскиот Дечиќ на теренот „Петар Милошевски“ и славеа со 2-1, но победата се покажа како пирова.

Поради поразот од 2-0 на првиот дуел во Тузи, тимот на Силекс не успеа да се избори за пласман во следната рунда. Иако имаа теренска иницијатива и го контролираа натпреварот, фудбалерите на Силекс не успеаја да постигнат доволно голови за целосен пресврт.

ФОТО: Спортска Мрежа

По само три минути Стриковиќ го отвори резултатот за водство на гостинот од Црна Гора, а во 28. минута Алиќ погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Хрвановиќ погоди за конечни 2:1 во 80. минута, а тоа не беше доволно Силекс да го продолжи европското лето.

Работнички, пак, ја заврши својата европска авантура по двомечот со белорускиот Торпедо Белаз. По поразот од 3-0 во првиот натпревар, „романтичарите“ загубија и на реваншот во Скопје со 0-1. Единствениот гол на „Тодор Проески Арена“ го постигна Стивен Алфред во 14. минута со што практично ги уништи сите надежи на дебармаалци за евентуален камбек. Белорускиот тим беше подобар и физички подготвен во двата натпревари и сосема заслужено го обезбеди пласманот во второто квалификациско коло.

ФОТО: Спортска Мрежа | Силекс – Дечиќ

Работнички се врати во европските натпреварувања по пауза од седум години, но неговата европска одисеја ова лето траеше кратко.

Сега, фокусот на „романтичарите“ и на тимот од Кратово ќе биде кон подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, која стартува на 8 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каква драма во Крива Паланка – Ивановски во последна секунда го „расплака“ Мал Ајакс за голем триумф на Осогово!

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“...

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!