Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Изов прозиваше – прволигашот ЖФК Истатов ги започна подготовките

Сподели
Сподели

ЖФК Истатов ги започна подготовките за новата сезона 2025/2026 во Првата женска фудбалска лига со првата прозивка на искусниот стратег Кирил Изов.

На фудбалскиот терен во скопско Пржино екипата се собра и со прв состанок и тренинг беше означен почетокот на летните подготовки за новата сезона.

Минатата сезона Истатов заврши 5. место и зад себе имаше одлична сезона со акцент и на развојот на младинските категории. Искусниот Изов за Спортска Мрежа потврди дека ростерот е сочуван во целост, а истиот ќе биде засилен со неколку фудбалерки, а предводникот на Истатов додава дека се задоволни од успехот од минатата сезона завршувајќи ја сезоната во топ 5.

За новата сезона Истатов ќе се вмеша во трката за висок пласман, за таа цел доаѓаат и неколку засилувања за посилна конкуренција во сопствените редови.

Договорени се и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата. На 31 јули Истатов ќе се тестира со Скопје, на 5 август против Каменица Саса.

Потоа на 9 и 10 август во Струга ќе се одржи турнир, каде ќе учествуваат Истатов, Скопје, Тиверија Брера и домаќинот Ас Јунајтед, а овој турнир ќе биде можност за проверка на формата пред стартот на новата сезона.

Клубот досега ги претстави Весна Милојевиќ, Ива Крстевска, Матеа Спасовска, Оља Лазовска и Мери Трајковска.

ЖФК Истатов годинава прослави 10 годни од своето постоење – клуб со голема традиција, успех, освоена шампионската титула, Куп титула и играње во квалификациите во Лигата на шампионите, наскоро емисија на Спортска Мрежа за ЖФК Истатов за целата историја на клубот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!