Втора лигаФудбал

ФОТО: Каменица Саса ги започна подготовките за Втората лига – договорени и пријателски натпревари!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашот Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона 2025/2026 со првиот тренинг на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Костурот на тимот е речиси сочуван во целост, има само две заминување – се работи за Бурим Алиев кој е нов играч на Шкендија Арачиново, како и Андреј Симевски кој е нов играч на Охрид, останатите играчи остануваат верни на клубот.

Раководството на клубот од малото рударско гратче работат на ангажман на неколку нови засилувања кои ќе треба да бидат промовирани во следниот период. Промени ќе нема ниту во стручниот штаб останува Сашо Велиновски заедно со Горан Гоцевски.

ФОТО: Спортска Мрежа

Клубот договори и неколку пријателски натпревар за проверка на формата, договорени се тестови со Шкендија Арачиново, Осогово, Слога Виница и Беласица, а се водат преговори потенцијален противник за одигрување на генералка како последен тест пред стартот на новата сезона кој е закажан за 23 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!