Втора лигаФудбал

Осогово го промовираше Христијан Поп Антоски

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Второлигашот Осогово кој вчера ги започна подготовките за новата сезона денес и официјално претстави ново засилување, се работи за младиот и перспективен Христијан Поп Антоски.

21-годишниот прилепчанец во Кочани доаѓа од редовите на радовишки Детонит Плачковица.

Левиот бек ќе биде одлично освежување и засилување за тимот предводен од искусниот стратег Крсте Крстев.

Низ својата кариера Поп Антоски настапуваше за Победа кој е негов матичен клуб, Братство, Македонија ЃП и Детонит Плачковица од каде доаѓа во Осогово.

Претходно, клубот се засили со искусниот дефанзивец Христијан Митревски и голманот Филип Лазаров, а според информациите на Спортска Мрежа се водат финални преговори за уште две до три засилувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!