Прва лигаФудбал

Марјан Ристовски – „Швајц“ е ново засилување на ФК Пелистер!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Тимот на ФК Пелистер за сезоната 2025/26 е засилен со уште едно квалитетно и искусно име од македонските фудбалски терени. Нов член на битолскиот прволигаш е Марјан Ристовски, кој потпиша договор на една година со клубот.

Станува збор за 28-годишен страничен фудбалер со богато искуство во Првата македонска лига. Ристовски е роден во Гевгелија, а во кариерата има настапувано за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера Струмица, како и за грчка Кавала. Во домашниот шампионат досега има одиграно 124 натпревари и постигнато 20 голови. Во есенскиот дел од минатата сезона, за Брера Струмица запиша 14 настапи.

Марјан Ристовски е третото засилување на Пелистер ова лето, по ангажманот на Стефан Спировски и Петар Ристиќ, со што клубот продолжува да го зајакнува тимот за претстојната сезона во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!