Турнири

ФОТО: Фенербахче Кичево го совлада Фреит Оне и го освои 28-то издание на „Петровденскиот турнир“ во Конче!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Турнирот во мал фудбал што се играше под рефлектори во општина Конче заврши со триумф на Фенербахче Кичево, кои во големото финале славеа над Фреит Оне со 5:2.

Одличен и атрантивен натпревар кој се одигра пред повеќе од 1.000 посетители. Првиот дел од натпреварот заврши без погодоци и чисти мрежи со шанси и на двете страни.

Стартот од вториот дел донесе два брзи гола за екипата на Фенербахче Кичево, која потоа постави одлична резултатска подлога и ја зголемуваше предноста, а на крај конечниот исход беше 5:2.

Во мечот за трето место радовишкиот тим Фурна Марфи дојде до триумф од 3:1 над Фенербахче Струмица.

🎖️ Индивидуални признанија:

Најдобар голман: Димитар Ѓоргиев

Најдобар играч: Горан Коцевски

Најдобар стрелец: Димитар Јанев

Со ова заврши уште едно успешно издание на реномираниот турнир кој годинава го одбележа своето 28-то издание, во организација на ФК Серта, а со поддршка од локалната самоуправа и медиумско покровителство од Спортска Мрежа. Публиката имаше можност да ужива во квалитетен фудбал, спортски дух и богата програма со награди и активности.

ФОТО: Спортска Мрежа

Вечерва беа доделени многу награди за публиката, беше организирана лотарија каде главната награда беше смарт телевизор, а општина Конче уште еднаш потврди дека е максимално посветена на спортот и сака развојот на истиот на многу повисоко ниво.

Турнирот уште еднаш ја потврди улогата на Конче како спортски центар во регионот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во текот на следните денови ќе имате мега галерија од турнирот која ќе биде достапна на нашите социјални мрежи, како и видео од најдобрите моменти и погодоци, но и од самата атмосфера и доделување на наградите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!