Прва лигаФудбал

Пелистер и Струга одиграа пријателски меч во Битола – победа за стружани

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Македонските фудбалски прволигаши Пелистер и Струга Трим Лум одиграа контролен натпревар во Битола во рамките на подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот, кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“, заврши со победа на гостите од Струга со резултат 1-3.

Новото име на клупата на Пелистер, Димитар Капинковски, ги искористи двете полувремиња за да ротира и тестира два различни состави. Единствениот погодок за „зелените“ го постигна капитенот Мирко Ивановски, кој погоди во првото полувреме.

Струга го покажа своето европско искуство и квалитет, а стрелци на головите беа Радески, Зенку и Османи. По првите 45 минути резултатот беше 1-2 во корист на стружани, а Османи во вториот дел го постави конечниот резултат.

И двата клуба продолжуваат со интензивни подготовки за сезоната 2025/26, во која влегуваат со големи амбиции и цели за висок пласман.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!