Турнири

ФОТО: АСП Пак – шампион на Петровден 2025! Фудбалски спектакл за крај на јубилејното издание во Мешеишта пред 2.000 гледачи!

Сподели
ФОТО: Анамарија Момироска | Ohrid News
Сподели

Под светлата на теренот и пред преполни трибини со над 2.000 љубители на фудбалот, екипата на АСП Пак со блескава партија го освои јубилејниот 50-ти турнир „Петровден“ во Мешеишта, совладувајќи ја екипата на Кафе Бар Коко со убедливи 4:0 во големото финале.

Натпреварот го отвори Мишо Ѓорѓиески со погодок во 28. минута, поставувајќи ја основата на триумфот, потоа Нико Пластиноски ја дуплираше предноста во 36. минута, а потоа следуваше фудбалска магија од Мишо Ѓорѓиески, кој постигна хет-трик откако погоди во 37. и 50. минута, заокружувајќи го своето фантастично издание и обезбедувајќи ѝ ја титулата на својата екипа.

Во натпреварот за третото место, Инекс Олгица Хотел и Спа со минимални 1:0 ја совлада екипата на Кафе Бар 9, заокружувајќи го своето успешно учество на турнирот.

ФОТО: Анамарија Момироска | Ohrid News

🏅 По завршувањето на финалето беа доделени и традиционалните индивидуални признанија:

⚽ Најдобар стрелец: Марио Благојевски (Кафе Бар Коко)

🧤 Најдобар голман: Наим Таулоски (АСП Пак)

✨ Најдобар млад играч – во чест на Јован Николоски: Бојан Јанев (Кафе Бар Коко)

🏅 Најдобар играч: Мишо Ѓорѓиески (АСП Пак)

ФОТО: Анамарија Момироска | Ohrid News

Финалната вечер беше збогатена и со ревијален натпревар помеѓу генерација 2015/2016 и помлади на ФК Фер Плеј – симболичен момент за иднината на фудбалот.

ФОТО: Анамарија Момироска | Ohrid News

Со рекорден награден фонд од 500.000 денари, одлична организација и извонредна поддршка од публиката, турнирот „Петровден 2025“ уште еднаш го потврди својот статус како еден од најпрестижните турнири во мал фудбал во Македонија.

ФОТО: Анамарија Момироска | Ohrid News

Спортска Мрежа со гордост го проследи секој чекор од ова јубилејно издание, и ќе продолжи да ја поддржува оваа традиција која обединува спорт, страст и заедништво!

ФОТО: Анамарија Момироска | Ohrid News

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

Озан Ајаз го освои турнирот „Црнилиште Куп 2026“, мечот за трето место се решаваше на пенали

Екипата на Озан Ајаз е победник на овогодинешното издание на турнирот во...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!