ИнтернационалциФудбал

Марко Алчевски се пресели во ОФК Белград – македонскиот голман ќе брани во српската Суперлига

Сподели
ФОТО: ОФК Београд
Сподели

Македонскиот младински репрезентативец Марко Алчевски е нов член на српскиот фудбалски прволигаш ОФК Белград, клуб со богата историја кој ова лето активно се засилува за новата сезона во Суперлигата на Србија.

Алчевски, кој има 23 години, пристигнува во српската престолнина како позајмен фудбалер од Хапоел Ерусалим, член на израелската елитна лига. Договорот е потпишан на една сезона, со важност до летото 2026 година.

Зад себе, младиот голман има 17 официјални настапи за младинската репрезентација на Македонија до 21 година, а сè уште чека на дебито во сениорскиот дрес на националниот тим.

Во Белград, Алчевски нема да биде сам – ќе му се придружи и Стефан Деспотовски, уште еден македонски репрезентативец кој веќе една полусезона е дел од ОФК. Со нивниот ангажман, клубот добива силна македонска врска и дополнителен квалитет меѓу стативите и на бековската позиција.

ОФК Белград со ова покажува јасна амбиција да биде конкурентен во новата сезона, а Алчевски ќе има можност да се наметне и да стекне дополнително меѓународно искуство во една од најтврите балкански лиги.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!