Прва лигаФудбал

Прволигашот Башкими на подготовки Бугарија – три меѓународни теста во Банско

Сподели
ФОТО: ФК Башкими | АРХИВА
Сподели

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Башкими од Куманово, главната фаза од подготовките за сезоната 2025/2026 ќе ја одработи во Банско, Бугарија. Повратикот во елитата со големи амбиции влегува во ПМФЛ и веќе најавува сериозна работа на терен.

Во рамки на подготвителниот камп, Башкими ќе одигра три контролни натпревари против интернационални ривали, кои ќе бидат вистински тест за тимот на новиот стручниот штаб предводен од Муарем Муарем.

  • Распоред на пријателски натпревари во Банско:

14 јули (18:45) – против Слатина (Романија)

20 јули (18:30) – против Аркадаг (Туркменистан), актуелен шампион на својата земја

22 јули (11:00) – против Иа уми Политехника (Романија)

Од клубот информираат дека пред заминувањето за Бугарија ќе бидат претставени неколку нови засилувања, со кои ќе се комплетира ростерот за новата сезона.

По враќањето во Македонија, Башкими ќе продолжи со натпреварувачкиот ритам преку пријателски меч против Нова Приштина од Косово, кој ќе се одигра во Куманово.

Сериозниот пристап и квалитетниот план ја потврдуваат желбата на Башкими да се наметне уште од првиот момент по враќањето во македонската фудбалска елита.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!