Турнири

Фенербахче Кичево го „прегази“ струмичкото радио, Црна Река доживеа пораз на турнирот во Конче!

Сподели
Сподели

Фудбалската треска продолжува во Конче, каде што вечерва се одиграа три извонредни четвртфинални натпревари на 28-то издание од традиционалниот „Петровденски турнир“. Публиката уште еднаш уживаше во динамични дуели, голови и вистинска спортска атмосфера под рефлектори.

  • Фенербахче Кичево – Радио Имплус 7:1
    Убедлива партија на екипата од Кичево, која доминираше на теренот од почеток до крај.
  • Црна Река Кавадарци – Фенербахче Струмица 2:4
    Еден од најинтересните натпревари на турнирот досега. Црна Река имаше водство од 2:0, но Фенербахче Струмица приреди целосен пресврт со четири последователни погодоци.
  • Фурна Марфи – Рент а Кар Меда 5:2
    Радовишани покажаа сигурност и стабилност во играта, што им донесе пласман меѓу четирите најдобри екипи.

🏆 Полуфинални двојки:
📅 Сабота (13 јули)

Фенербахче Кичево – Фенербахче Струмица
Дерби полуфинале помеѓу двете најофанзивни екипи на турнирот.

Фурна Марфи го чека подобриот од петочното четвртфинале помеѓу Фреинт Оне и Наум Техника.

  • Изненадувања за публиката и дополнителна програма

Организаторот ФК Серта – Конче продолжува да внесува свежини во програмата. Вечерва беа доделени маици со клубскиот амблем за постари и хендикепирани лица, а до крајот на турнирот ќе бидат поделени вкупно 100 маици и други спортски реквизити.

  • Предвидени се и награди за најлојалната публика:

5 ваучери по 5.000 денари за најредовни следачи

20 ваучери по 1.000 денари ќе се доделуваат по случаен избор

Дополнително, програмата ќе биде збогатена со трка на 800 метри, организирана во три категории:

Категорија 14+ години (општа конкуренција):

место – 15.000 денари

место – 8.000 денари

место – 4.000 денари

Деца до 14 години (машка и женска категорија):

место – 8.000 денари

место – 4.000 денари

место – 2.000 денари

  • Општина Конче – со фокус на спортот

Преку организацијата на овој турнир и дополнителните активности, Општина Конче уште еднаш ја покажува својата посветеност кон развојот на спортот, особено во руралните средини. „Петровденскиот турнир“ останува не само спортски, туку и културен симбол на регионот.

Спортска Мрежа останува со вас – со секојдневни извештаи, видеа, резултати и атмосфера од најголемиот летен турнир во мал фудбал во источниот дел на Македонија. Финалето е закажано за 13 јули.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе има неизвесни соочувања!

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – програмата...

Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни...

Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!