Турнири

Кафе Бар 9 и Хотел Инекс Олгица – првите полуфиналисти на „Петровден 2025“!

Сподели
Сподели

Во атмосфера достојна за јубилејно издание, вечерва беа одиграни првите два четвртфинални натпревари на турнирот „Петровден 2025“ во Мешеишта.

Љубителите на мал фудбал повторно имаа што да видат – од тактички надмудрувања до индивидуални мајстории и неверојатна поддршка од публиката на трибините.

Во првиот меч, Кафе Бар 9 со сигурна и зрела игра го совлада Брумел со 2:0, покажувајќи дека имаат сила и менталитет за највисок дострел.

Во вториот дуел, Хотел и Спа Инекс Олгица приреди одличен тактички меч против Аце Најдески, славејќи со конечни 3:1.

Програмата продолжува вечерва (четврток, 10 јули):

21:00 | АСП Пак – Кампинг Љубаништа

22:00 | Сатеска – Кафе Бар Коко

Два нови меча, уште две места во полуфиналето – ќе има ли ново изненадување или фаворитите ќе ја оправдаат улогата?

Следете ја Спортска Мрежа медиумски покровител на турнирот „Петровден 2025“ – за најбрзи извештаи, фотографии, видеа и атмосфера директно од срцето на фудбалот во Мешеишта!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!