Прва лигаФудбал

Бобан Георгиев се раздели со Арсими – следува нова страница во кариерата

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Бобан Георгиев повеќе не е дел од редовите на Арсими, но неговото име засекогаш ќе остане запишано во историјата на клубот од Чегране, кој оваа сезона избори историски пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Георгиев беше еден од најзаслужните играчи за овој успех, откако се приклучи на Арсими во зимскиот преоден рок и одигра блескава пролетна полусезона. Во текот на своите шест месеци во клубот, тој постигна неколку клучни голови и запиша значајни асистенции, со што го водеше тимот кон второлигашкиот врв и остварување на најголемата цел – промоција во елитата.

Со своето искуство и зрелост на теренот, Георгиев беше лидер на теренот, а неговиот придонес не помина незабележано. Според информации на Спортска Мрежа, тој веќе има неколку понуди од странски клубови и наскоро се очекува да ја донесе одлуката за следната дестинација.

28-годишниот офанзивец во својата кариера настапуваше за Металург, Брегалница, Силекс, Воска Спорт и Пелистер, како и за странски клубови од Србија и БиХ – Радник, Борац Бања Лука и Леотар. Арсими останува со историски успех и ќе дебитира во Првата лига, додека Георгиев е подготвен за нов меѓународен предизвик.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

„Чајка“ слави 50 години – Меморијалот прераснува во Суперкуп на Македонија!

Еден од најстарите и најконтинуираните спортски настани во Македонија, но и еден од најтрадиционалните во одбојкарскиот календар, меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“,...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!