Прва лигаФудбал

ФОТО: Арсими ги започна подготовките за дебитантската сезона во Прва лига!

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Новиот прволигаш Арсими официјално ги започна подготовките за новата сезона, а во која Арсими ќе биде дебитант во Првата македонска фудбалска лига.

Вчера на Градскиот стадион во Гостивар беше одржан првиот состанок и првиот тренинг со што и официјално беше означен почетокот на подготовките.

Од клубот истакнуваат дека фудбалерите и стручниот штаб се целосно посветени да работат и да темпираат формата со цел максимално подготвени да влезат во новата сезона.

ФОТО: ФК Арсими

„Нè очекуваат недели исполнети со напорна работа и посветеност, за да бидеме подготвени за предизвиците што доаѓаат“, велат од клубот.

Арсими минатата сезона заврши на второто место во Втората лига и обезбеди директен влез за историско учество во Прва лига.

ФОТО: ФК Арсими

Спортска Мрежа редовно информираше за клубот уште кога беше дел од Трета лига – Запад и од тогаш го претставувавме концептот и одличното работење на Арсими кое беше насочено кон влез во Прва лига, а тоа и се оствари. Во јуни 2022 година Арсими играше бараж за влез во Втора лига против Овче Поле од Свети Николе, кога го декласираше и од тогаш Арсими има константен раст и сега е дел од елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!