Ракомет

Куманово ја продолжи соработката со Иван Димитров и капитенот Давид Цветковски

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Суперлигашот Куманово за новата сезона 2025/2026 ја продолжи соработката со уште двајца ракометари, се работи за Иван Димитров и капитенот Давид Цветковски.

Куманово во новата сезона ќе биде предводен од новиот стратег Аце Станковски, а клубот продолжува да гради ростеорт за новата сезона.

Димитров и Цветковски се договорија за соработка од една година.

„Немаше никаква дилема околу мојата иднина во клубот.Нема поголема чест од тоа да се биде капитен на тимот од градот кај си роден, живееш и играш.Ние сме пред се како семејство, функционираме беспрекорно како единка и се надеваме дека така ќе биде и во иднина“, рече капитенот Цветковски.

Исто така и Димитров го дели мислењето на Цветковски околу продолжување на соработката.

„Оваа сезона ќе биде предизвик за нас, затоа што сакаме да одиме чекор повеќе во лигата.Тоа значи дека ќе се обидеме да бидеме помеѓу најдобрите шест тима од табелата во Суперлигата и да се бориме за некои од местата кои водат во Европа“, истакна Димитров по потпишување на договорот со својот матичен клуб.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!