Турнири

Украс ИНГ и Дивино запишаа победи на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Возбудата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ продолжува со неизвесни дуели, пресврти и борба за секој бод. И оваа вечер донесе нова доза драма на теренот во Чифлик маало во Струмица.

Екипата на Црна Река со 2:5 загуби од екипата на Украс ИНГ, со што запиша важни и големи бодови.

Во вториот настап за вечерта, Црна Река одигра далеку подобро, запиша победа над Христ Мил со 4:3, во натпревар полн со енергија, брзи контри и возбудлива завршница.

Победа вечерва запиша и тимот на Пица Ресторан Дивино Босилово, кој со 3:0 го совлада тимот на Але Дар Премиум, во натпревар каде контролата и ритамот беа на страна на Дивино од самиот почеток.

Младински категории – Термални Оранжерии го запреа непоразениот Тигри

Во натпревар од младинските категории, тимот на Термални Оранжерии прикажа одлична игра и го совлада составот на Тигри со високи 8:1.

Следете ги сите резултати, табели, фотографии и вести ексклузивно на Спортска Мрежа, медиумски покровител на Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!