Турнири

Стартуваше 28-то издание на „Петровденскиот турнир“ во Конче: Екипата на Фурна Марфи „испука“ осум гола!

Сподели
Сподели

Со одигрување на првите два натпревари, вечерва и официјално започна 28-то издание на „Петровденскиот турнир“ во мал фудбал, кој традиционално се одржува под рефлектори во општина Конче.

Во воведниот меч на турнирот, екипата на Фурна Марфи прикажа офанзивна партија и славеше против Валентина Промент со резултат 8:4.

Во вториот натпревар од вечерта, домаќините од Конче беа поуспешни од Стивал Лубница, триумфирајќи со 4:1, на радост на домашната публика која во голем број присуствуваше на отворањето.

Турнирот продолжува со натпревари во наредните денови, а финалето е закажано за 12 јули – на празникот Петровден. Турнирот годинава се игра во организација на ФК Серта – Конче, со учество на екипи и играчи од цела Македонија.

„Спортска Мрежа“ ќе обезбеди целосна медиумска покриеност од сите натпревари, резултати и анализи.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!