Ракомет

ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет со значајни засилувања: Промоција на Вучевска и Манева

Сподели
ФОТО: ЖРК Славјански Универзитет
Сподели

Женскиот ракометен клуб Овче Поле – Славјански Универзитет го засили својот ростер со два искусни и квалитетни ракометари, подготвувајќи се за новите предизвици во претстојната сезона.

По Дона Маркоска, која веќе е дел од тимот, а за што веќе објави Спортска Мрежа, во составот се вратија и пикерот Елена Вучевска и центарот Наталија Манева. Двете ракометарки минатата сезона настапуваа за ЖРК Астибо од Штип, каде што учествуваа во плеј-офот на Женската лига.

Враќањето на Вучевска и Манева во матичниот клуб од Свети Николе носи свежина и стабилност во играта, а со тоа и зголемување на квалитетот на тимот. Овие засилувања претставуваат јасен знак дека Овче Поле има сериозни амбиции за одлични резултати во новата натпреварувачка година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!