Турнири

АСП Пак перфектен, Кампинг Љубаништа моќен – уште една незаборавна вечер во Мешеишта!

Сподели
Сподели

Турнирот „Петровден 2025“ влегува во самиот финиш на групната фаза, а петочната вечер беше исполнета со возбудувања, нови потврди на фаворити и неизвесни дуели кои ги држеа трибините во еуфорија до полноќ.

Блу Фиш го доби мечот против Том Гор со службен резултат 0:3. АСП Пак ја продолжи победничката серија, совладувајќи ја Ескобар Волино со 5:2 – трет триумф по ред. Кафе Бар 9 во неизвесен натпревар ја победи Виена Комерц со 3:2, обезбедувајќи важни бодови. Кампинг Љубаништа демонстрира сила со високи 3:7 против Пекара Илинче, заокружувајќи ја групната фаза во стил.

Секоја победа веќе ја обликува елиминациската шема, а атмосферата од ден во ден е сè поголема – публиката во Мешеишта ужива во вистински фудбалски спектакл.

  • Распоред за сабота, 28 јуни:

20:00 | Зурли и Тапани Вевчани – Брумел
21:00 | Мешеишта – Топлина
22:00 | Компани Стојкоски – Сатеска
23:00 | Доел Ноче – Аце Најдески

Секој бод, секој гол и секој момент е одлучувачки. Спортска Мрежа како медиумски покровител е постојано присутна со вас – следете ги сите случувања директно од Мешеишта!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!