Со вечерашните четири возбудливи дуели, осминафиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа е целосно заокружено. Публиката во Лабуништа и вечерва имаше што да види – голови, темпо и драма до последниот свиреж. Турнирот, кој се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, под организација на Шабан Кормакоски, влегува во својата завршна и најинтересна фаза.
Вечерта започна со сигурна победа на Кафе Бар Лавадо, кој со 6:2 ја совлада екипата на Сео Пласт. Уште од почетокот Лавадо беше поофанзивен и поорганизиран тим, што се одрази и на резултатот. Тие без многу турбуленции си го обезбедија местото во четвртфиналето.
Во вториот натпревар, Бербер Шоп Мухаммед уште еднаш демонстрираше класа. Со победата од 6:1 над Фура Кемо, тие не само што потврдија дека се најофанзивниот тим на турнирот, туку и дека се сериозен кандидат за титулата со фантастична гол-разлика низ целиот турнир.
Третиот меч понуди најголема неизвесност. Златара Бени Ерол минимално ја елиминираше Виена Комерц со резултат од 2:1, во натпревар кој се играше со висок интензитет до самиот крај. Златара ја продолжува својата тивка, но ефикасна кампања.

Во последниот натпревар вечерва, Бинај ја победи екипата на Идеал Рент а Кар со 6:3, во натпревар полн со голови и динамика. Бинај, кој турнирот го почна скромно, сега игра во висока форма и изгледа како тим што може да направи изненадување.
- Распоред на четвртфиналните натпревари:
Петок, 27.06.2025
-
21:30 часот
🟦 Бербер Шоп Мухаммед – ИВЗ Струга -
22:30 часот
🟥 Нетто Маркети – Бинај
Сабота, 28.06.2025
-
21:30 часот
🟩 Кафе Бар Лавадо – Самир Муртезоски -
22:30 часот
🟨 Балкан Профил – Златара Бени Ерол
Победниците од петочните четвртфинални натпревари ќе играат меѓусебно во едното полуфинале, додека победниците од саботните дуели ќе се сретнат во другото полуфинале.
💰 Награден фонд:
-
🥇 Прво место – 2.000 евра
-
🥈 Второ место – 700 евра
-
🥉 Трето место – 300 евра
Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот и продолжува да информира вечер по вечер – со резултати, парови, табели и фото моменти. Следете нè – македонскиот спорт на едно место!